[REDACTED] |
Кратенки: ВП:ЕКСПЕДИЦИИ |
---|
Викиекспедиции — проект на Википедија на македонски јазик, спроведуван од здружението на граѓани Споделено знаење во периодот 2015-2023 и од здружението на граѓани Викимедија МКД од 2024 година.
Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.
Критериуми за избор на област
Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:
- број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
- број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.
Список на викиекспедиции
2015
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2015 и Википедија:Викиекспедиции 2015/СтатистикаВо текот на 2015 година биле организирани вкупно шест експедиции со кои биле опфатени следните области:
- Неготино со околината;
- Кратово со околината;
- Мариово;
- Мијачија;
- Општина Ранковце; и
- Општина Градско.
2016
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2016 и Википедија:Викиекспедиции 2016/СтатистикаВо текот на 2016 година биле организирани шест експедиции од вкупно планирани шест експедиции со кои биле опфатени следниве области:
2017
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2017 и Википедија:Викиекспедиции 2017/СтатистикаВо текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
Иако на почетокот биле планирани шест експедиции, на крајот биле спроведени пет експедиции, додека експедицијата за областа Пијанец била преместена за спроведување во 2018 година.
2018
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2018 и Википедија:Викиекспедиции 2018/СтатистикаВо текот на 2018 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
2019
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2019 и Википедија:Викиекспедиции 2019/СтатистикаВо текот на 2019 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
2020
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2020 и Википедија:Викиекспедиции 2020/СтатистикаВо текот на 2020 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Кичава и Рабетинкол;
- Осоговија;
- Плачковица и долина на Брегалница; и
- Овче Поле.
2021
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2021 и Википедија:Викиекспедиции 2021/СтатистикаВо текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Повардарие;
- Прилепско Мариово;
- Бушева Планина и Прилепско Поле; и
- Јуруклак и Радовишко Поле.
2022
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2022 и Википедија:Викиекспедиции 2022/СтатистикаВо текот на 2022 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Осоговски Планини и Манговица;
- Дебарско (Општина Дебар и Општина Центар Жупа);
- Горни Полог; и
- Кумановско.
2023
Главни страници: Википедија:Викиекспедиции 2023 и Википедија:Викиекспедиции 2023/СтатистикаВо текот на 2023 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:
- Јужна Македонија (Дојранско и Валандовско);
- Битолско Поле и Баба;
- Кочанско Поле; и
- Тиквеш.